петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Куновска до Заев: Лошите политики кои го разочаруваат македонскиот граѓанин треба да се бараат во раководството на СДСМ или од функционерите на власт?

Куновска до Заев: Лошите политики кои го разочаруваат македонскиот граѓанин треба да се бараат во раководството на СДСМ или од функционерите на власт?

Сакам да го прашам Заев, лошите политики кои го разочаруваат македонскиот граѓанин треба да ги бара во раководството на СДСМ , има граѓани кои се интересираат како се поставени односите во СДСМ внатре или резултатите ги бараат од луѓето коишто треба да испорачуваат за сите граѓани, односно од луѓето од власта, праша вечерва Софија Куновска од СДСМ во Канал 5 Телевизија во „Само вистина“.

Таа отвори уште една дилема во однос на како што вели погрешната најавена политика на Заев за кадровски промени во партијата.

-Дали Шекеринска е добар министер за одбрана, а е лош заменик претседател на СДСМ, или Оливер Спасовски е одличен министер за внатрешни работи, а е лош потпретседател на СДСМ, тоа ли се пораките кои вчера сакаше да ни ги испрати Зоран Заев, праша Куновска.

Најнови вести