вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

КУРИР АНКЕТА: Со една плата, а вакви цени се оди во ГРОБ, а не во подобар живот… граѓаните гневни, а владата се фали дека блескаме

КУРИР АНКЕТА: Со една плата, а вакви цени се оди во ГРОБ, а не во подобар живот… граѓаните гневни, а владата се фали дека блескаме

Наместо конкретни мерки, владата на СДСМ и ДУИ се фали што направила во минатото.

Имено од денес Македонските граѓани се рабудија со нови ценовни шокови, пораснаа цените на горивот, лебот, брашното, шеќерот, зејтинот…

Редакцијата на КУРИР испрати прашања до владата, на кои до овој момент не добивме одговор.

Пред неколку минути владата излезе со паушално соопштение во кое наместо да соопштат нови мерки за надминувањето на ценовните шокови, тие се пофалија со тоа што направиле во минатото.

Имено владата предводена од СДСМ и ДУИ во соопштение до медиумите кажа дека мерките кои биле донесени во минатото биле навремени и сеопфатни.

-Во тој дух и по тој принцип Владата со новиот ребаланс на буџет, продолжува со силната грижа за граѓаните и во најкраток рок ќе излезе со антикризни мерки кои ќе бидат потаргетирани, како што всушност се и последните препораки на меѓународните финансиски институции – ММФ и Светска Банка, ЕУ и експертската јавност. Ова значи дека истите ќе бидат насочени кон ранливите категории на граѓани и стопанството, кон оние на кои им се најпотребни, велат од владата.

Но, граѓаните со кои разговаравме за КУРИР велат дека она што во моментов се случува во Македонија е катастрофално, како и дека не знаат како ќе издржат понатаму.

-Вознемирени сме, ова го нема никаде, не знам како ќе издржам, имам три малолетни деца, а месечни примања на мене и на мојот сопруг ни се минимални, ни се пожали една госпоѓа.

-Пензијата ми е 18.000, ако владата мисли дека тоа е довлно за живот во Македонија зошто тие не си ги намалат платите на 18.000 денари и да видат како се живее, ни се отвори еден пензионер.

-Самохрана мајака сум и имам две деца, ќерка ми е во средно школо, а син ми сега ќе се запише на факултет, со една плата, а со вакви цени се оди во гроб, а не во подобар живот, низ солзи ни кажа наша сограѓанка.

-Иднината ја гледам во Германија, САД или некоја друга држава, во Македонија не планирам да градам иднина, овде иднина нема, а искрено да ви кажам со ваква влада нема ни да има, ни кажа еден студент кој е четврта година на економскиот факултет во Скопје.

Во текот на вчерашниот ден бевме сведоци на редиците кои се случуваа пред бензинските пумпи и маркетите. Граѓаните во паника пробуваа да наполнат гориво по старите цени и да набават намирници.

Од владата наместо мерки добивме соопштение кое налукува на фалење пред избори.

 

Ристе Здравков

Најнови вести