Цела премиерска кариера Зоран Заев ја посвети на тоа да ги убеди граѓаните дека се на “прав пат“ и дека датум за почеток на преговори со ЕУ само што не сме добиле. Датумот го нема и покрај сите удари кои на тој пат Заев му ги зададе на македонскиот народ.
Ветуваше низа датуми, еден по друг, а на нив броиме само уште еден по еден неуспех на ова поле.
-На Министерскиот совет написмено добивме правно формална гаранција дека не подоцна од октомври ќе добиеме датум за почеток на преговорите. Нема можност да се донесе ваква одлука без сите земји да бидат согласни што значи дека има консензуална одлука, порача Заев во 2019-та година.
Минатата година, Заев убедувајќи ги граѓаните дека конечно ќе дојде датумот кој со години го ветува, истакна:
„На Министерскиот совет написмено добивме правно формална гаранција дека не подоцна од октомври ќе добиеме датум за почеток на преговорите. Нема можност да се донесе ваква одлука без сите земји да бидат согласни што значи дека има консензуална одлука“, порача лани премиерот Зоран Заев.
-Заклучокот е апсолутна гаранција која мене ми беше неопходна, а верувам и на сите граѓани. Така стои во извештајот дека октомври ќе биде октомври. Ја добивме писмената, формално правна гаранција. Разбирам дека имаше избори за Европскиот парламент и дека на секој Парламент му е потребно соодветно време за доставување материјали за да ги разгледаат и да донесат одлука. Го разбирам Бундестагот и другитте парламенти за оваа работа, но важно беше да добиеме заклучок кој е сериозна гаранција за сите нас. Верувам дека утре или задутре ќе биде потврден и од Европскиот совет и октомври да биде октомври, рече тогаш Заев.
Истакна дека министерскиот Совет не може да донесе одлука без сите земји да бидат согласни.
-Знаете порано, една земја не беше согласна, па немате заклучок, немате одлука. За Република Северна Македонија сите се позитивни. Целосно имаме безусловна препорака, комплетно 100 % блескав извештај, рече тогаш Заев.
Од денешен аспект, оваа негова изјава со сигурност можеме да ја оцениме како една од неговите најголеми лаги во кариерата!
Македонија е далеку од датум, а доби и блокада од оние со кои Заев тргува со македонскиот јазик и македонската историја.