сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Лефков: Владата на СДСМ е завршена работа, потребни се брзи предвремени парламентарни избори

Лефков: Владата на СДСМ е завршена работа, потребни се брзи предвремени парламентарни избори

Ако се анализираат резултатите од изборите може да го погледнете дека целосно е делегитимирана владата на Зоран Заев, што значи дека тие немаат никаков кредибилитет да управуваат со државата, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Лефков истакна дека локалните избори биле референдумско изјаснување на граѓаните, додавајќи дека оваа влада е завршена работа, како и дека на Македонија и се потребни брзи предвремени парламентарни избори.

-Денеска ги видовме реакциите на Хоџа, ја видовме и оставката на Мила Царовска, видовме дека онаа црна кампања и она вложување на Зоран Заев на начинот на кој што настапи особено во првиот и вториот круг, и начинот на кој што ја водеше државата изминатиот период придонесе овие локални избори да бидат едно референдумско изјаснување, рече Лефков.

-Оваа влада е завршена работа и ние не се откажуваме. Најдобро решение за Македонија во овој момент ќе бидат брзи предвремени парламентарни избори, затоа што досега имавме едно нефункционално собрание, објасни Лефков.

 

Најнови вести