Петар Георгиевски Камиказа е решението на Левица со кои истрчува на овие избори.
Камиказа одсекогаш важел за близок до СДСМ, и голем дел од нивните настани ги покривал преку компанијата која ја поседува.
Во ситуација кога СДСМ се раслојува по повеќе основи, има сериозни напукнувања во коалицијата, Максим Димитриевски излегува како независен кандидат во Куманово, како и актуелниот градоначалник на Дебарца кој на минатите избори победи со СДСМ. Додека партиите од власта ЛДП и Дом по подолго време одат самостојно на овие локални избори, Левица останува единствената партија која не се приклучува кон повикот за опзициско делување и рушење на власта и реши да го раслои опозициското делување истакнувајќи свој кандидат близок до СДСМ.
Повеќе од сигурно е дека Камиказа е без шанса за победа, но со моќ да ги растури опозициските гласови.
Етикетирањето на Апасиев на медиумите е идентичниот пакет на однесување на СДС.
Претходно ВМРО-ДПМНЕ говореше за ришење на опозицискиот отпор на оние кои нема да се приклучат во борбата против Заев. Очигледно Левица засега е единствената опција против таа цел.