среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лични и партиски интереси во фокусот на коалицијата Ковачевски – Таравари

Лични и партиски интереси во фокусот на коалицијата Ковачевски – Таравари

И официјално падна договор, Алијанса за Албанците влегува во Владата предводена од СДСМ и ДУИ. Поранешниот генерален секретар на Алијанса, сега лидер, Арбен Таравари кој го постигна договорот со премиерот Димитар Ковачевски беше со полна уста погрдни зборови за ДУИ, партија со која треба тесно да соработува.

Коалициските партнери на СДСМ, како ЛДП и Демократски сојуз пак ја критикуваат за висок степен на корупција. Оттука се поставува прашањето дали оваа коалиција е, како што соопшти СДСМ по вчерашниот Централен одбор, за реформи, борба против корупција, реформи во сите области, напредување во интеграциите или за исполнување на лични, партиски интереси. Дополнително како оваа Влада може ад се бори против корупција кога официјален Вашингтон прати истражители со цел истражување на владини функционери кои според наодите сториле коруптивно-криминални дела.

Пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски синоќа во гостување на телевизија 24 рече дека е постигнат договор на програмските принципи како политички партии за влез на Алијанса на Албанците во Владата.

„Создавањето на еден проевропски блок наспроти блокот кој што е против Европската унија или кој што не ги поддржува сите процеси за ЕУ е важно да се случи во периодот што следи“, рече Каевски кој додаде дека секој политички блок, политички субјект, којшто има претставници во парламентот и оние коишто немаат, а се за европскиот пат и програмските принципи за коишто се залагаме како политичка партија и Влада е добредојден и е вредно да се разговара, да се комуницира за сите ставови да се направи еден блок кој е европски, кој ќе ја турка државата напред, пред се во делот на преговорите со ЕУ.

Каевски дополнително укажа дека очекува владиното парламентарното мнозинство ќе се зголемува, бидејќи на она што СДСМ го дава како концепт, за европскиот пат на државата и многу пратеници од опозицијата велат дека немаат ништо против тоа, но имаат можеби притисок од членството, јавноста.

Наспроти овие ставови на Каевски, од ЛДП укажуваат на проблеми со корупција и оти никој не одговара за тоа, дека нема реформи во судството и слично. Претседателката на ЛДП

Моника Зајкова, коалициски партнер на СДСМ и ДУИ неодамна во телевизиско гостување кажа владата не спроведува реформи во правосудниот систем бидејќи како што рече таа на некому му одговора ваквиот хаос се со цел да нема одговорност.

„За правосудството само зборуваме но никој не сака да направи ништо бидејќи по она што можам да го сфатам сега од оваа позиција е дека на некого му одговара ваквиот хаос во правосудството со цел да нема одговорност. Дополнително секој ден по еден млад човек се иселува од државата. Не гледаме никакви суштински реформи кои се преземаат, изјави Зајкова.

И коалицискиот партнер Демократски сојуз со сличен став. Претседателот на партијата Павле Трајанов исто така на гостување во Дневникот на национална телевизија рече дека сите се за реформи и за интеграција, но оти многу малку е направено и ги нема посакуваните резултати.

„Сите сме за интеграција и не е во ред да се условува со влез во Влада“, укажува Трајанов.

Со вакво разногласие меѓу коалициските партнери се поставува прашањето дали оваа коалиција е сега само од личен, партиски интерес, без реален интерес за напредок во борба против корупција, функционален правосуден систем. Доколку е така, а реално не може да се смени многу ниту до редовните парламентарни избори, тешко дека ова ќе е влада во која како што вели Таравари препознал дека имаат исти заложби во борба против корупцијата.

Најнови вести