Премиерот, Зоран Заев најави дека германската компанија „Лидл“ ќе отвара маркети во осум градови во Македонија. Како што тој вели, едниот маркет ќе биде отворен во главниот град Скопје за за останатите седум града се уште не се знае точно во кои градови ќе се отворат.
– Вредноста на инвестицијата е 300 милиони евра. Се преговараат во моментот локациите, прво во Скопје. Важно е што обврска на инвеститорот е откуп и продажба на домашни земјоделски и кондиторски и секаков вид на производи кои се компетитивни за сите маркети на ‘Лидл’ во југоисточна Европа, рече Заев.