Врнежите предизвикаа локални излевања на реката Вардар кај Рашче, на Крива Река и на Пчиња во кумановскиот регион, како и на водотеци во охридскиот и битолскиот регион, соопшти УХМР. Поради заситената почва со влага има и појава на заезерување во одредени рамници и делови на Пелагонија, Полог,…
Поради временската состојба, како што наведува УХМР, се очекува сите водостои кај водотеците и езерата да бидат во покачување, а како најкритични се посочуваат горниот и средниот тек на Вардар, Треска, Лепенец, Пчиња, Крива, Црна, Радика, Сатеска и нивните притоки.
Во текот на денот дококу има појава на интензивни врнежи на југот и југоистокот, се очекува продолжен пораст на водостојот и на водотеците од овој дел на државата и тоа на реките Брегалница, Струмица, Анска, Тркајна,…
-Предупредуваме на внимателно движење покрај водотеците, суводолиците и во клисурите, поради можност од појава на големи води, излевања, свлечишта и одрони. Врнежите кои паднаа во изминативе 24 часа дополнително ги зголемија нивоата на сите водотеци и езера низ државата. На сите хидролошки станици од националната хидролошка мрежа има пораст на водостоите, а особени покачувања бележиме кај Вардар – горен тек, каде на Јегуновце во однос на вчерашните податоци бележиме покачување од 114 сантиметри, Лепенец кај Скопје 45 cантиметри, Вардар во Скопје 45 сантиметри, Треска кај Македонски Брод 87 cантиметри, Црна кај Новаци 100 сантиметри, Радика кај Бошков Мост 66 cантиметри. Кај езерата во однос на минатиот понеделник бележиме покачувања, кај Охрид од девет сантиметри, кај Преспа четири и кај Дојран еден сантиметар, информира УХМР.
Според утринската синоптичка информација, најмнугу дожд има: 48 литри на метар квадратен во Пожаране, 39 Тетово, 36 Виница, 34 Крушево, 26 Скопје-З.Рид, Охрид, Гевгелија, Ѓуриште, 25 Битола, 23 Д.Капија, 22 Скопје-Петровец, Прилеп, 21 Куманово, 20 Штип, Струмица, Дојран, 16 Крива Паланка, Берово, 12 Претор. Се очекува врнежите да продолжат, но посилен интензитет на југот и југоистокот од земјата.