Сега имаме документ и со истиот ќе разговараме на состанокот на советот на СОНК како и со членовите на синдикатот, вели Билјана Лотевска член на советот на СОНК во вечерашното гостување во емисијата „24 Отворено“ на Телевизија 24.
„Од нашата страна не изгледа како брзање. Кога почнаа да се прават пресметките во градинките, почна да се гледа тоа доближување и надминување на некој од помошно техничкиот персонал и се појави незадоволство. Кај нас секогаш е неповолно време, а одлуката за штрајк не беше донесена преку ноќ“, кажа Лотевска.
Таа посочи дека одлуката за штрајк не била преку ноќ донесена, бидејќи не е лесно да се донесе одлука каде ќе се затворат градинките и училиштата.
-Ние моравме да го сослушаме членството, се беше во согласност со изјаснувањето на членовите. Членството побара покачување на платите, бидејќи минималната плата се зголеми. Ќе беше редно, убаво и достоинствено за професијата на вработените во образовните институции кога сето тоа ќе одеше линеарно нагоре за сите структури и вработени каде минималната плата надминува над нивната плата, истакна Лотевска.