Актуелната директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска е изгласана за втора заменик-претседателка на СДСМ, откако Радмила Шекеринска најави повлекување. Спореди информациите со 682 гласа „за“ и два „против“, Лукаревска беше избрана на денешниот 26. конгрес на партијата.
Од денешниот избор на 26-от конгрес на СДСМ на Сања Лукаревска за заменик-претседателк на партијата моожи да се заклучи дека Зоран Заев на високи и клучни партиски позици поставува негови блиски и послушни луѓе, односно во случајов Лукаревска е само продолжена рака на Заев.
Инаку, Сања Лукаревска беше дел од економскиот тим на СДСМ и Зоран Заев во чие време на улица остана над 60 илјади работници, а уништени беа и стотици бизниси за кои што не беше доволна финансиската помош од страна на државата.
Додека владата на чело со премерот Зоран Заев се задолжува две милијарди евра, кај стопанството завршија само 350 милиони евра од овие пари, и од тие причини дојде до пропас на многу фирми, а од друга страна пак како најголеми должници кон државата на ДДВ се јавуваат токму фирмите на Заеви, а истите се толерирани од институците на државата, особено од страна на УЈП, токму со институцијата со која раководи ново избранат потпретседателка на СДСМ Сања Лукаревска.