Во битолско, демиркаписко и струмичко утринава има магла. Утринските температури, според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, се под нулата освен во Скопје, Охрид и Претор.
Најстудено е во Берово каде се измерени -10 степени. Во Битола утринава температурата е -6, во Струмица -5, во Петровец кај Скопје -4, во Тетово, Демир Капија и Маврово -3 и во Штип, Прилеп, Гевгелија и Крива Паланка -2 степена. Нула степени утринава се измерени на Зајчев Рид кај Скопје и во Охрид и Претор.
За денеска синоптичарите најавуваат сончево и ведро време со мала до умерена локална облачност. Веќе од попладне ќе почне да дува умерен, а вдолж Повардарието и засилен северен ветер по што во текот на ноќта облачноста од север ќе се зголемува.