Не постои сила која може да те запре кога ја сакаш својата држава и својот корен. Тоа го докажаа петтемина Македонци во Мелбурн кои се спротивставија на грчкиот фашизам за време на протестот кој во саботата се одржа под мотото „Не за продажба на името Македонија и Македонија секогаш ќе биде грчка“, пренесува Маркукуле.
Нападнати од 2000 Грци само поради тоа што носеле маици со македонски национални обележја, седеле и пиеле кафе во близина на грчкиот конзулат.
Иако малкубројни тие не потклекнале и не избегале од разбеснетите Грци.