Треба да заземеме поорганизиран пристап во однос на делта сојот и ќе разговарам со колегите министри од регионот за да замеме заеднички став, рече министерот за здравство Венко Филипче во одговор на новинарско прашање во врска со планот да се воведат рестриктивни мерки на границите за патниците.
Тој рече дека се планира нов состанок на Комисијата за заразни болести во однос на рестрикциите на границите иако засега само Грција бара потврди и ПЦР тестови, но таму има и најголем пораст на заразени од Делта сој од целиот Балкан.