понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонците од целиот свет се обединија против промена на името на државата и законот за двојазичност (ФОТО)

Македонците од целиот свет се обединија против промена на името на државата и законот за двојазичност (ФОТО)

Македонците во светот се обединуваат под движењето #НиеСмеМакедонија за заштита на македонскиот идентитет, јазик и име, како и за унитарноста на Република Македонија, со организирање на протести во централни локации во своите земји.

Движењето #НиеСмеМакедонија бара Владата на Република Македонија веднаш да ги прекине разговорите со Грција за промена на уставното име и бара укинување на понатамошна процедура на неуставниот закон за двојазичност кој се врати во Собранието откако претседателот Ѓорге Иванов стави вето поради неговата неуставност.

После протестите во Вашингтон, Њујорк и Норвешка, глобалното движење #НиеСмеМакедонија #WeAreMacedonia продолжи во Израел и Нов Зеланд, македонската заедница одржа протести во градот Асти во Италија, Женева Швајцарија како и главните градови на Франција, Германија и Велика Британија. Предвидено движењето #НиеСмеМакедонија викендот да го заврши со денешниот протест во Малта.

Движењето кое покажа дека Македонците се интегрален дел од татковината и се мост на Република Македонија и нејзиниот напредок, планира да одржи 30 протести низ целиот свет а ќе достави и петиција до претседателот, Владата и Собранието на Република Македонија.

Во Хајфа, Израел Македонците заедно со Израелци искажаа поддршка за движењето држејќи натписи #НиеСмеМакедонија напишани на англиски јазик и на хибру. Во Нов Зеланд собирот ги сплоти Македонците на крајот од Светот кои поддршката за унитарноста на Македонија и македонскиот идентитет ги искажаа со пеење на македонски песни.

Македонците во Женева под мотото Тој шчо не си ја љубит татковината, не е чесен чоек” организираа мировен протест за кој како што истакнаа е продолжение на „Заедничка Македонија“ и се надоврзува на #НиеСмеМакедонија.

-Да бидеме што помногубројни и единствени, бидејќи за Македонија се работи. Македонија не е сама, до последен здив додека нашите срца чукаат, мислата е со неа. Да ја браниме и одбраниме. Тој шчо не си ја љубит татковината, не е чесен чоек…”, порачаа Македонците во швајцарскиот град.

И Македонците од Велика Британија се кренаа на нозе. Тие пред зградата на Европската Унија во Лондон истакнаа дека се обединети против промена на името на државата и идентитетот на нацијата и побараа крај на разговорите со Грција.

Тие исто така се против донесување на Законот за употреба на јазиците со цел двојазичност на територијата на Македонија и во нејзините меѓународни односи и редефинирање на унитарноста и државноста на Македонија, како и против ратификација на Договорот со Бугарија, којашто не ги признава Македонците и уредува формирање на меѓудржавна комисија за ревизија на македонската историја. Бараат и безусловно ослободување и помилување на сите притворени и осудени за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Македонија и на Едмонд Темелко.

Поддршка на движењето #НиеСмеМакедонија дадоа и македонските заедници од Париз и Берлин, кои побараа запирање на преговорите за името и се спротивставија на двојазичноста која сака да ја спроведе владата во Република Македонија.

Македонците од главните градови на Франција и Германија побараа државата да ги запре преговорите за името и да го повлече законот за двојазичност. Тие исто така се против договорот со Бугарија за кој како што велат е предавството на Македонија. Тие го потсетија светот дека Република Македонија е нивната татковина и нема да прифатат да се нарекуваат никако поинаку освен Македонци.

Најнови вести