Грабежи, убиства, запалени автомобили, рекетарство, киднапирања и исчезувања се главните одлики на шест месечното владеење на новата власт на СДСМ. Скоро и да нема седмица, а во билтенот на МВР да не биде објавено дека некоја од овие работи не се случиле, а притоа ниту еден од строителите не е пронајден и изведен пред лицето на правдата
Во период од неколку дена се исчезнати пет малолетни лица на кој не им се знае трагата. Вечаравечер како потврда на беззаконието што владее во Скопје ограбена е аптека во населбата Кисела Вода. Ваквите грабежи во последните шест месеци драстично пораснаа. Не се само аптеките на удар. Спортските обложувалници, банките, локалните продавници се исто така на удар на бандите кои охрабрени од поддршката на криминалот на СДСМ безмилосно го пустошат Скопје.
Исто така, пресметките и убиствата станаа секојдневие во главниот град. Последното убиство се случи во скопски Чаир каде младо момче беше изрешетано од возило во движење. Во последниве месеци се случи и свирепото убиство на младиот фудбалер Мартин Јанушев каде беше на свиреп начин убиен од луѓе блиски до СДСМ. Јавноста уште тогаш реагираше дека истрагата не се спроведува како што треба и дека се знаат кои се убијците и нарачателите но од тогаш МВР ниту ги спроведе ниту пак кажува до каде е истрагата.
Другото двојно убиство е при обид на крадци да ограбат менувачница сред бел ден. Дрските крадци се убиени од сопствениот на менувачницата откако тој успеал некако да се ослободи.
Ова се само дел од примерите со убиства кои се случија низ Скопје. Исто така јавноста беше сведок и на десетици запалени автомобили од страна на нови рекетарски банди. Ваквата алармантна појава ја напиша и Сашо Ордановски, најгласниот подржувач на СДСМ во една од своите колумни. Тој притоа напиша дека во градот се појавија нови рекетарски банди кои под превезот на агенции за обезбедување изнудуваат пари од познати локали и скопски бизнисмени. На тие што одбиле резултатот беше одма видлив. Бевме сведоци како секојдневно гореа автомобилите на познати скопски угостители и бизнисмени.
Ваквите настани не враќаат во период на матната и криминална транзиција од деведесетите години на минатиот век каде Скопје личеше на дивиот Запад.
Она што се шпекулира во јавноста е дека ваквиот бран на насилство е производ и на коалицијата на СДСМ и ДУИ каде нивните рекетарски банди се обидуваат да наметнат власт на скопските улици. Ваквите бандити добиваат повеќе на сила знаејќи дека Оливер Спасовски и Зоран Заев се на власт а во прилог им оди и најавената амнестија која како производ на меѓупартиски договор ќе ослободи десетици сторители на тешки кривични дела.
Оливер Спасовски наместо да биде промотор на заштитата на граѓаните и нивната безбедност тој се повеќе игра улога на заштитник на криминалот. Вакво безредие не е забележано многу оддамна. Граѓаните со право реагираат за својата безбедност зошто наместо полицијата да ги штити нив таа ги штити криминалците. Тогаш во такви моменти никој не е безбеден, ние, нашите најблиски а најмалку нашите деца.