четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонија слави 29 години членство во Обединети нации

Македонија слави 29 години членство во Обединети нации

На 8 април во 1993 година Република Македонија со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации била примена за 181 полноправна членка на Светската организација, врз основа на резолуцијата 817 на Советот за безбедност на ОН од 7 април 1993 година.

Со тоа е потврден меѓународно-правниот субјективитет на државата по изразената референдумска волја на македонските граѓани на 8 септември 1991 година за самостојна и независна Република Македонија.

Сепак, поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН било направено под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија.

Двете земји со посредство на ОН почнале преговори за надминување на разликите околу името.

Најнови вести