Корупцијата, партиските вработувања низата притисоци кои владеат во земјава придонесоа Македонија да тоне на полето на демократијата.
Според Индексот на демократија за 2019 година објавен вчера од „Економист“, Македонија е рангирана на 77 место со што земјата и натаму останува во групата држави „хибриден режим“, во друштво со Албанија, Украина, Црна Гора, Сенегал, Кенија, Танзанија, Непал, Мали, Сиера Леоне, Босна и Херцеговина, Пакистан…
Професорот Александар Даштевски во изјава за Курир вели дека уште пред да го објави „Економист“ својот извештај, имаше друга анкета во која Македонија беше оценета како авторитарен режим. Тој вели дека разликата помеѓу овие два вида на режими е мала.
-Загрижува фактот што Македонија нема напредок туку оди надолу во развојот на демократијата. Би ги прашал оние што постојано се повикуваат на изразот „Заробена држава„ дали знаат што значи тој термин и дале е направено нешто состојбата да се смени. Прв пат тие зборови ги употреби ЕУ како укажување дека тереба да се одвои партијата од државата, односно да се направи поголема независност во јавната администрација. Тоа не само што не е направено туку состојбата е многу полоша, па сега може да се употреби терминот „Позаробена држава“. Пред се хибридна држава значи дека не постои владеење на правото и правната држава, односно неспроведување на тие мерки од страна на државните институции, хаотична состојба во економијата, газење на слободата на мислење и изразување, немање слободни медиуми и друго. Секако дека при правење на индексот се зема актуелната состојба во државата, кај нас пред се високиот степен на корупција, Рекет, наместените тендери и ненаменско делење на државни пари, партиските вработувања, притисоци врз медиумите, притисоци врз правосудството и друго, анализира Даштевски за Курир.
Списанието за демократија е квартално академско списание основано во 1990 година и e официјално објавување на Меѓународниот форум за демократски студии на Националната фондација за демократија. Опфаќа проучување на демократијата, демократските режими и про-демократските движења низ целиот свет.
Според најновото истражување на списанието авторите Левицки и Веј ја ажурираа својата класификација на аторитарни режими во светот. Заклучно со 2019-та година Македонија регресирала на ниво на авторитарен режим! Македонија е во друштво на африкански држави како Буркина Фасо, Боцвана, Мозабик, Мали и Сиера Леоне!