четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонка болна од канцер не може да си ја земе потребната терапија, јавно бара одговор од Филипче

Македонка болна од канцер не може да си ја земе потребната терапија, јавно бара одговор од Филипче

Македонка болна од канцер поминува низ голгота. Таа не може да си ја земе потребната терапија, па бара одговор од министерот за здравство Венко Филипче!

Нејзиното сведоштво го пренесуваме во продолжение: 

„Јавно се обраќам до Министерот за Здрвство Венко Филипче кој би сакала да го прашам и би сакала да добијам одговор или совет за мојот проблем.

Имено, денеска на 02.12.2020 година, бев да подигнам лекови од аптека и ми беше кажано дека сум осигурана само до 30.11.2020 и сега не сум осигурана и не ми следуваат лековите што се пишани на рецепта. Јас се изненадив, бидејќи од 1988 година имам здравствено осигурување и се уште работам, но сега сум на подолго боледување.

На боледување сум 24.09.2020 година, поради тоа што сум болна од канцер и примам според програма хемотерапија. Контактирано е од работната организација со ФЗО и е дадено објаснување дека, бидејќи земаме плата наназад за еден месец и затоа според некој закон јас немам платено здравствен допринос за еден месец и сум избришана од системот.

Но нагласиле дека во вакви случаеви на подолго боледување ме водат како нововработените според некој закон. Ве прашувам што да направам?

Јас одам во болница за да примам цитостатици, а тие утре ќе ми речат дека не сум здравствено осигурана. А од друга страна Ве прашувам, како можат да ме водат како нововработените, кога јас немам прекин во работата, јас сум само на боледување за кое ми е издадено од ФЗО број ( 10276 ) со кој ме водат додека сум на боледување?“.

Најнови вести