среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонски државјани заглавени во Малта: Бараат вонреден лет за Скопје, одговор од МНР нема

Македонски државјани заглавени во Малта: Бараат вонреден лет за Скопје, одговор од МНР нема

Претседателот на македонската заедница во Малта, Максимилијан Казаков преку писмо информира за ситуацијата во која се најдени македонските државјани кои се наоѓаат во Малта.

-Поради сведската пандемија со коронавирусот се поголем број на туристи ги откажуваа своите одмори во Малта, а со тоа хотелската и угостителската индустрија во која најголем број на вработено се странци, меѓу кои и Македонци останаа без работа. Големите хотелски ланци донесоа одлука на целосно затворање на хотелите во наредните два до три месеци. На ова се надоврза и наглото зголемување на заразени со коронавирсот и одлуката на Владата во Малта за затвроање на сите кафичи, ресторани, теретани и сите места каде се собира повеќе народ со цел превенција од ширење на вирусот. За жал иако мерките на Малтешката Владата се оправдани со цел спречување на дополнително ширење на вирусот нашинците останаа без работа или мал дел на принуден неплатен одмор и тоа го предизвика хаосот кој во моментов се случува во Малта, истакнува Казаков.

Тој посочува дека Малтешката Влада се уште нема предложено сет на мерки со кои би се заштитиле овие граѓани, а министерот за економија на Малта на им порачал на дојденците доколку останат без работа да се вратат во земјите од каде што дошле.

-Ваква дикриминирачка и потценувачка изјава за нас како македонска заедница во Малта е крајно неприфатлива и ние како здружение и јас како претседател веќе упативме протесна нота до министерот за економија, Владата во Малта, министерството за европски прашања и еднаквост на Малта, но и до Европскиот суд за човекови права и европскиот парламент. Македонците се лојални граѓани во Малта, истите придонесуваат во економијата и редовно плаќаат даноци. Затоа вакви изјави во иднина се надеваме нема да се повторат. Она што јас и мојот тим го правиме во моментов е детектирање на најпогодените наши сограѓани и пружање на помош со цел додека да се реши оваа криза и истите да бидат безбедно вратени во Македонија. Токму затоа ние побаравме од Владата во Скопје да организира вонреден лет од Малта за Скопје каде најпогодените наши сограѓани би се вратиле итно дома. Дека ситуацијата може да стане по драматична доколку не се реагира на време говорат повеќе факти: луѓето кои останале без работа веќе не се здравствено осигурани, истите немаат пари да ја платат киријата за наредниот месец, по укинување на работната дозвола доколку не ја напуштат Малта во наредните 2 недели се соочуваае со забрана за влез во ЕУ во наредните 2 години и ред други аномалии кои се наметнуваат поради вонредните состојби. Имено според она што вчера доцна вечерта го објавивме на нашата Фејсбук страна за помош на наши сограѓани за неколку часа имаме над 80 пријавени и бројката постојано расте. Се обративме до надлежните институции во Македонија ( МНР , Влада, Министерство за дијаспора ) но засега сите тие не одговориле на нашите барања, нагласува Казаков.

Најнови вести