среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонските граѓани револтирани: Грција сепак не ги отвори границите за нас (ФОТО)

Македонските граѓани револтирани: Грција сепак не ги отвори границите за нас (ФОТО)

Иако уште претходната недела министерот за здравство официјално изјави дека Македонците на 14 мај конечно по година и пол ќе може да одат во Грција со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или со потврда за вакцинација, сепак денеска на многумина кој што се одлучија да патуваат кај нашиот јужен сосед не им беше дозволен влез во државата.

Исто така и премиерот на Република Македонија, Зоран Заев вчера кој што беше во посета на Грција, на својот Фејсбук профил ги информираше граѓаните дека Грција од денеска офцијално ги отвара границите со нашата држава, но како што можеме да видиме состојбата на граничните премини го кажува токму спротивното, односно наши македонски граѓани соопштуваат дека не им се дозволува влез во Грција.

-Имавме одлична работна средба со премиерот на Грција, Мицотакис. Ме извести дека почнувајќи од утре, 14 мај 2021, се отвора граничниот премин Евзони за сите граѓани на Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против КОВИД-19 или позитивен резултат за антитела, напиша Заев на својот фејсбук профил.

Од грчката страна претходно беше изјавено дека од 14 мај копнените премини ќе бидат отворени и за Република Македонија и Република Албанија.

Најнови вести