четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Манаскова: Се бришат од Преамбулата значајни конститутивни акти од АСНОМ, а на нивно место се става само Прогласот и Рамковниот договор

Манаскова: Се бришат од Преамбулата значајни конститутивни акти од АСНОМ, а на нивно место се става само Прогласот и Рамковниот договор

Во текот на претресот по уставниот амандман 34 пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Магдалена Манаскова истакна дека се бришат одлуките на АСНОМ како конститутивни акти во процесот на создавање на Република Македонија како држава, а на нивно место се вметнуваат Прогласот кој не е правен акт и Охридскиот рамковен договор.

– Се брише решението на АСНОМ како врховно законодавно и извршно преtставничко тело и највисок орган на државната власт на Демократска Mакедонија. Се брише Декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓаните на демократска Македонија. Се брише Решението на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава. Се брише правилникот за работа на АСНОМ, се брише решението на АСНОМ за формирање на законодавна комисија при Президиумот на АСНОМ, се брише Решение на АСНОM за формирање на Државна Комисија за утврдување на престапите на окупаторите и нивните соработници. Се брише решение за одобрување на решенијата и наредбите на Главниот шtаб на НОВ и Иницијативниот Одбор за свикување на АСНОМ, Решението на АСНОМ за оддавање признание и благодарност на НОВ, Решението на АСНОм за прогласување на Илинден 2-ри Август за народен државен празник на македонската држава,рече Манаскова.

Според Манаскова со ова се бришат акти со важно конститутивно значење.

Најнови вести