петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Манипулациите на СДСМ нема да го одвлечат вниманието од тајните преговори со Бугарија – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Манипулациите на СДСМ нема да го одвлечат вниманието од тајните преговори со Бугарија – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Во име на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски може да зборува единствено претседателот Христијан Мицкоски. Тоа за што Стефан Васев од СДСМ имаше прес конференција се чисти трачеви и глупости, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од партиското соопштение:

Воедно, ќе потсетиме дека Васев доаѓа од партијата чијшто лидер е запаметен по личните изјави меѓу кои се и следните:

-„Ќе соберам на купче и шуто и рогато, после ќе им е** мамата и на шарените и на цела коалиција“

-„Живи луѓе има да јадеме после доаѓањето на власт“

-„Еб*му името, еб*му“

-„Еб*м ти таков народ“

-„Евро кај Вицето, директ, се знае, кеш во менувачница“

-„Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух, нема да дозволам промена на Уставот со цел промена на уставното име“

Познатите конструкции на СДСМ не „палат“ повеќе ниту во штабот на Бихаќка, камо ли меѓу граѓаните на Република Македонија на кои им е јасно кој и за што се залага и бори. Ниту една манипулација нема да го одвлече вниманието од тајните преговори на Заев со бугарските власти, тргувањето со идентитетот и распродажбата на историјата.

И за ваквите антидржавни политики и тајни преговори и тргувања со идентитетот, СДСМ ќе го чуе директно гласот на народот на следните избори.

Најнови вести