четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мас и Вархеји разговарале за преговорите со Македонија и Албанија

Мас и Вархеји разговарале за преговорите со Македонија и Албанија

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, на Твитер соопшти дека се сретнал со министерот за надворешни работи на Германија и дека разговарале за пристапниот процес со Скопје и Тирана.

-Добра дискусија со МНР Хајко Мас денес. Разменивме мислења за западниот Балкан и потребата да се оди напред со процесот на проширување на ЕУ, вклучително преку отворање на преговорите за членство со Албанија и Македонија што е можно побргу, напиша Вархеји на Твитер.

Вархеји и Мас разговарале и за поддршката на ЕУ на западен Балкан во борбата против пандемијата од Ковид-19.

Најнови вести