четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Машиновозачите бараат изземање од ограничувањето на исплата на надоместоците на плата

Машиновозачите бараат изземање од ограничувањето на исплата на надоместоците на плата

Синдикатот на машиновозачите бара машиновозачите да бидат изземени од владината одлука со која се ограничува исплатата на надоместоци и додатоци на плата во вонредна ситуација.

– Машинскиот персонал ги извршува работните обврски кога е активна мерката за забрана за движење и вонредната состојба за време на полициски час, затоа што во време на вонредна состојба машинскиот персонал е од општествен интерес за државата без прекин 24/7 го спроведуваат и опслужуваат транспортот низ Републиката, овозможувајќи домашните индустриски капацитети да го задржат ритамот на работа за одржување на економскиот раст во државата, се наведува во денешното соопштение од Синдикатот.

Со оваа одлука, велат од Синдикатот, директно се влијае врз нормалното извршување на транспортот на стоки и услуги на економските капацитети во државата.

Најнови вести