вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Маж од Скопје противправно присвоил возило, среќата кратко му траеше

Маж од Скопје противправно присвоил возило, среќата кратко му траеше

На 05.05.2022, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Џ.(40) од Скопје.

Тој бил баран со распис од Полициската станица Чаир поради сомнение дека возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, противправно го присвоил за себе.

На 03.04.2022 со лице од Скопје направил усмен договор да го купи возилото, по што го зел и не го платил.

Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото.

По целосно документирање на случајот возилото ќе биде вратено на сопственикот, а на С.Џ. ќе му биде поднесена пријва по член 239 од Кривичниот законик.

Најнови вести