четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Меџити демантира дека пратеници на ДУИ ќе го засилат новото мнозинство

Меџити демантира дека пратеници на ДУИ ќе го засилат новото мнозинство

ДУИ е стабилна партија и има доволно искуство за да се справи со вакви предизвици, изјави за „Слободен печат” потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити по информациите во некои медиуми дека двајца или тројца пратеници од партијата на Али Ахмети ќе преминат во новото парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ.

Информацијата дека и пратеници од ДУИ ќе го засилат мнозинството ја објави „Ин7“, од каде велат дека им се познати имињата на овие тројца пратеници, но дека нема да ги објават заради зачувување на изворот. Според нивните информации, еден од пратениците е од полошкиот, додека другите двајца се од скопскиот регион.

Ова категорично го отфрла Меџити.

Тој по информацијата синоќа на Фејсбук објави статус каде потврдува дека од ДУИ ќе нема прелети во новото мнозинство.

„Во добро и во лошо, до крај со лидерот”, напиша Меџити и сподели фотографија од него и од лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Шпекулациите дека е можно пратеници од ДУИ да преминат во мнозинството на Мицкоски веројатно се поради несогласувањето на неколку пратеници од ДУИ од кадровските решенија за составот на новата влада лани. Тогаш само Меџити јавно го декларира незадоволството дека во Владата ќе партиципираат првиот вицепремиер Артан Груби и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Најнови вести