понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Меѓународните претставници во земјава запознаени со политичкиот притисок кој се врши врз „Република“

Меѓународните претставници во земјава запознаени со политичкиот притисок кој се врши врз „Република“

„Република“ ги извести меѓународните претставници во земјава за притисокот кој се врши врз медиумот со цел да се замолчи. Судската пресуда со која се казнува медиумот со парична казна, а директорот и сопственик на истиот со условна казна затвор, без ниту едно одржано рочиште, за текст за кој претходно била одредена глоба од страна на дирекцијата за заштита на лични податоци не може поинаку да се толкува освен како политички и судски преседан за вршење на притисок. Се прави обид да се замолчи медиумот, да му се наштети и вооедно се цели кон негово затворање.

Имено, Основното јавно обвинителство како доказ врз кој се заснова предлогот за издавање на казнен налог доставило Решение од Дирекција за заштита на лични податоци со кое надлежниот инспектор за заштита на лични податоци утврдил дека во предметниот настан се обработени податоци спротивно на Законот за зашитита на лични податоци. Но, Обвинителството од само нему познати причини не го имало во предвид фактот дека Дирекцијата за заштита на лични податоци врз основа на горанаведеното решение до Комисијата за одлучување по прекршок на Дирекцијата за заштита на личните податоци поднела Барање за поведување на прекршочна постапка  за истиот настан за кој е покрената предметната кривична постапка. По наведеното Барање од страна на Комисијата донесено е Решение со кое се утврдува наша одговорност и следствено на тоа се изрекува прекршочна санкција – глоба за директорот во износ од 540 евра и за Република во износ од 1800 евра во денарска протввредност кои се веќе платени.

Очигледно владеачката гарнитура по секоја цена е спремна и работи на тоа да го уништи и затвори овој медиум и тенденциозно, злонамерно да ни импутираат дури и кривична одговорност како за правното лице (Република), така и за директорот.

Република“ се обрати до Делегацијата на ЕУ во Македонија, до поголем број амбасади, меѓу кои Амбасадата на САД, на Германија, на Велика Британија, и на Франција. Со притисокот кој се врши врз медиумот се запознати и Народниот правобранител, Здружението на новинари, Синдикатот на новинари, како и Советот за етика во медиумите.

 

Најнови вести