Жестоки критики на адреса на Зоран Заев и СДСМ упати аналитичарот Ким Мехмети во гостувањето во телевизија 24.
Тој потенцираше дека Заев не сакал во ниту еден момент да се жртвува самиот себе туку по секоја цена сакал да дојде на власт.
-Затоа што Заев не сака да жртвува ништо, затоа што сака по секоја цена да е на власт, затоа што и него не го интересира Македонија. Да го интересираше Македонија ќе речеше не ми треба власт со тие кои ги обвинуваше дека се режим. Затоа што отворено да зборуваме и на некои странски дипломати им одговараат ваквите политичари бидејќи со нив полесно се манипулира, вели Мехмети.
Тој гледа неискреност и во борбата на Заев од СДСМ да направи мултиетничка партија.
-Не беше искрена ни таа битка на Заев да направи мултиетничка партија. Која е таа искреносто. Кој е тој мултиетнички концепт кој го гради СДСМ кога го оживува ДУИ за кое тој Заев за чии кадри на ДУИ тврдеше дека се тие исти со оние на ВМРО. Kлиентелизмот во Македонија започна со владеењето на СДСМ во времето на транзицијата истакна тој.
-Народот се занесуваше дека кога ќе се смени името ќе биде се подобро, кога ќе влеземе во НАТО ние ќе одиме во рај, ако забележувате ништо не се случи. Народот осиромашува, политичарите се збогатуваат. И кај нас се случи еден апсурд, една Македонија која е рај за политичарите, која пружа се ти дава се и своите внуци да ги обезбедиш и оваа Македонија каде народот се мачи и каде ние растеме деца од дента кога ќе се родат со уверувањето дај боже да одат негде надвор, вели тој.