Во медиумите во Македонија објавени се фотографии и видеа, каде што се гледа дека луксузно возило во сопственост на Министерството за внатрешни работи, се користи за приватни цели низ патиштата во Грција.
Новинарот на Алмакос, Емад Мехмети на својот фејсбук профил објави видео од истото возило во движење и пишува:
Според овие информации, возилото “Range Rover Discoveri Sport” со регистарски таблици SK-9559-Al, моментално го користат четири девојки за приватни цели во Грција, додека џипот припаѓа на јавните институции.
Инаку, моите информации покажуваат дека возилото на МВР било управувано од ќерката на директорот за Јавна безбедност, Л. В.
Во меѓувреме, не може а да не се запрашаш дали можеби долго прокламираното мото на Зоран Заев “Живот за сите” – полека се претвора во живот само за Заев и неговите функционери? Бидејќи, овие авантуристички патувања на владините “деца“ на крајот на денот ги плаќаме ние – даночните обврзници на оваа држава.