Собранието вчера попладнето изгласа доверба на Владата откако претходно тоа од пратениците усно го побара премиерот Зоран Заев. За доверба на Владата гласаа 62 пратеници, а ниту еден од присутните не беше против.
Според адвокатот Тони Менкиноски вчерашниот начин на гласање на доверба на Владата не е ништо друго туку државен удар врз македонската парламентарна демократија.
Тој за КУРИР го опиша детално начинот на кој е изгласана „довербата“ на македонската влада споредувајќи ја оваа ситуација со онаа во која криминалецот не бара согласност од своите жртви да врши нови кривични дела, односно тој прави се друго, освен да има јавен контакт со својата жртва пред надлежна државна инстанца.
-По вчерашното одлучување за доверба на актуелната Македонска Влада без која било парламентарна дебата, и последователните официјално изразени ставови на претставниците на актуелната Влада, вклучувајќи го тука посебно Премиерот за наводен “спектакуларен триумф на македонската парламентарна демократија и правна држава”, повеќе од очигледно е дека, премиерот заборави или сака да претпоставува дека, обичниот македонски граѓани се уште го познава македонскиот јазик, на кој е напишан Македонскиот Устав, кој неслучајно уште во членот 2 јасно нагласил дека, „Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните”, аналогно на што, произлегува и целта на членот 61 од Уставот каде сосема е јасно наведено дека, „Собранието на Република Македонија е претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт на Републиката”. Од тука е и логиката за уставно-правното нормирање на политичката контрола и надзор над Владата и над другите носители на јавни функции што се одговорни пред Собранието како една од уставно утврдените надлежности на Собранието на Република Македонија, вели Менкиноски за КУРИР.
Адвокатот додава дека но, за вршењето на ова надлежност на Собранието, Македонскиот Устав не предвидува само подигнување на црвени , зелени или жолти картони од страна на парламентарците, туку јавна и усна парламентарна дебата околу пратеничките прашања кои се наоѓаат во позадината на секое прашање за доверба на влада, со цел токму на македонските граѓани да им се даде можност тие непосредно да можат ја следат и оценат таквата дебата и исходот на истата. Но, видно е дека, овој уставен императив фактички било главна препрека за премиерот Заев, која препрека тој можел да ја заобиколи само со целосно занемарување односно флагрантно повредување на суштината на македонската парламентарна демократија, која повреда не претставува ништо друго освен класичен државен удар врз самата парламентарна демократија во нашата држава.
-Ваквото заобиколување на македонските граѓани од страна на премиерот Заев е целосно разбирливо, бидејќи само тоа е клучниот предуслов за него да нема потреба јавно да го потврдува наводниот успех и триумф на своето актуелно владеење. Затоа на него му беше многу полесно да има контакт само со своите парламентарци, од кои не беше ништо побарано освен да го подигнат она што го имаа во своите раце. Оваа ситуација е целосно идентична на онаа, во која криминалецот не бара согласност од своите жртви да врши нови кривични дела, односно тој прави се друго, освен да има јавен контакт со својата жртва пред надлежна државна инстанца!! Шефот на една мафијашка организација не бара согласност од неговите непријатели или жртви туку само од членовите на неговата криминална организација, вели Менкиноски.