понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Меркел: Спорот за името се приближува кон решение

Меркел: Спорот за името се приближува кон решение

Спорот меѓу Македонија и Грција за името треба да биде решен, но врз процесот не се влијае позитивно, ако се врши притисок, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференцијата со македонскиот премиер Зоран Заев во Берлин.- Спорот меѓу Македонија и Грција треба да биде решен, притисокот во преговорите не носи корист. Имам впечаток дека двете страни по долго време имаат интерес за решавање на спорот. Тоа е добар предуслов, рече Меркел, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали на средбата со Заев се разговарало за спорот со Грција и дали истото прашање било тема на вчерашниот телефонски разговор со Алексис Ципрас.

Германската канцеларка истакна дека Македонија е поблиску од кога и да е во изминатата декада до решение за спорот со Грција околу името, кој го попречува интегрирањето на земјата во ЕУ и НАТО.

– Ме претставува големо задоволство тоа што има придвижување во преговорите. Во изминатите десет години решението не било толку блиску, како што е сега и би било извонредно доколку двете страни успеат да ги премостат препреките, истакна Меркел.

Таа напомена дека и двете страни се однесуваат одговорно во обновените преговори и оти и Грција и Македонија знаат што можат да дадат за да се постигне компромис.

– Компромисите се секогаш болни, но и неопходни. Тоа е дипломатска уметност и за тоа не треба да се зборува на прес-конференции, туку зад затворени врати. Верувам дека јавните изјави повеќе може да му наштетат, отколку да му користат на процесот, додаде германската канцеларка.

МИА

Најнови вести