Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Никола Мицевски, денеска во Собранието на Република Македонија оствари средба со амбасадорот на Република Франција во Македонија, Кристијан Тимоние.
На средбата се разговарало за актуелните политички случувања и економската состојба во Република Македонија, како и за работата на Собранието на Република Македонија.
На средбата станало збор и за понатамошно продлабочување на пријателството и соработката помеѓу Република Франција и Република Македонија.