петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: Заев, ти си срам за македонците и Македонија

Мицевски: Заев, ти си срам за македонците и Македонија

Господине Зоран Заев, Ти си срам за Македонците, ти си срам за Македонија, ти си срам и за своите сопартијци, ти си срам за нашите предци, ти си и засекогаш ќе бидеш срам и за нашите поколенија. Ти немаш црвени линии, ти немаш достоинство, ти ги премина сите можни граници. Ти немаш право да ја распродаваш македонската историја, немаш право да си поигруваш со македонското достоинство, немаш апсолутно никакво право ТАЈНО да преговараш и да го договараш и менуваш македонскиот идентитет и историја за која што сеуште има живи сведоци, стои во Фејсбук статусот на Никола Мицевски.

– Ти многу пати докажа и покажа дека си способен и подготвен на се’. Но, овој пат Ти претера ! Ти изгуби компас !
Ти уште еднаш докажа и покажа дека за тебе ниту дното не е граница, дека Ти можеш уште и уште подлабоко и подлабоко.
Драги браќа и сестри, драги пријатели и роднини, Ова предавство мора да престане ! На ова зло мораме заедно да му кажеме, ДОСТА Е !, пишува тој.

– Затоа, време е конечно граѓаните на Република Македонија, без разлика од која вера, националност, политичка определба, социјален статус, едноставно сите граѓани на нашата татковина да не бидат нем набљудувач на ова велепредавство од невидени размери на лицето Зоран Заев и конечно сите, заедно и сплотено да го сопреме и силно да се спротивствавиме на ова брутално газење на националниот македонски идентитет, историја и македонски јазик. Ајде конечно и заедно, овој човек да го казниме за ова злодело и предавство на Македонија и македонскиот народ. Ајде конечно, овој човек да го испратиме во црната и мрачната страна на историјата, вели Мицевски.

Најнови вести