вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски брилијантно до новинарката Васиќ: Не сум на квиз да одговорам со “да“ или “не“, ќе дејствуваме во најдобар интерес на Македонија!

Мицкоски брилијантно до новинарката Васиќ: Не сум на квиз да одговорам со “да“ или “не“, ќе дејствуваме во најдобар интерес на Македонија!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со одличен одговор на тенденциозните настојувања на водителката на Топ Тема, Сања Васиќ која се обиде да изнуди одговор на хипотетичко прашање на кое не се очекува одговор во овој момент.

И покрај претенциозноста и неразбирливата упорност до ниво на самобламажа на новинарката, да се изнуди одговор кој од стратешки аспект би го изложил маневарскиот простор на ВМРО-ДПМНЕ, Христијам Мицкоски елегантно и во голем стил даде џентелменски одоговор, со кој се обиде да го покрие и невкусното однесување на новинарката.

На прашањето „дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го подржи референдумот за договорот со Грција“, Мицкоски одговори:

– Доколку би бил на квиз и доколку барате од мене одговор со “да“ или со “не“ или ми понудите неколку солуции, тогаш би морал да одберам некоја. Но навистина, јас сум сериозен човек и моите политики како човек, но и оние политики кои што би ги сугерирал пред партиските тела сакам да се темелат врз основа на факти и аргументи, не би коментирал хипотетички можни политики.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека партијата ќе дејствува во најдобар интерес на Македонија.

Најнови вести