Наша задача е силна економија, образование, здравствен систем, хармонизирано законодавство, силни земјоделци, среќни пензионери, младина што останува, многу инвестиции… тогаш аргументите на Бугарија ќе бидат многу послаби, порачува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Побарав од соговорниците, кои се дел од Европската народна партија, да застанат на наша страна, бидејќи Македонскиот народ не е подготвен на дополнителни отстапки.
Заслужуваме почеток на преговорите за полноправно членство во Европската унија“ – порачува тој.