На вечерашниот тв дуел на МТВ1 гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се осврна на аферата “Рекет” која ја разбранува јавноста по тврдењата на осудениот Јовановски за тоа каде завршило куферчето со рекетираните пари.
Зоран Заев на неколку пати тврди дека бизнисменот Јордан Камчев ја финансирал ВМРО-ДПМНЕ за изборната кампања и дека огромна сума пари е префрлена на сметката на партијата. Мицкоски пак вели дека таквите релации не постојат, иако партијата може да ја финансира секој кој сака.
-Не знам зошто ме поврзувате со Јордан Камчев и упорно тврдите дека имам близок однос. Се плашам дека ќе се изненадите доколку се испостави дека некој друг е навистина многу близок со него и соработниците, вели Мицкоски.
-ВМРО-ДПМНЕ нема никакви корелации со Јордан Камчев и тоа се ноторни лаги кои Зоран Заев ги кажува насекаде, но тоа не ништо ново со оглед на тоа што знаеме дека Зоран Заев е човек кој никогаш не ја кажува вистината, заврши Мицкоски.