недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски до Заев и владата: Охрабрете се и осмелете се да го остварите ветеното- јавниот обвинител да го предложи ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до Заев и владата: Охрабрете се и осмелете се да го остварите ветеното- јавниот обвинител да го предложи ВМРО-ДПМНЕ

Гледате имаме една актуелна политичка ситуација каде што правната држава функционира дајте ми човек ќе креирам обвинение и тоа се случува изминатите неколку дена. Граѓаните на Република Македонија и ние како ВМРО-ДПМНЕ ја имаме изгубено довербата во правната држава ја имаме загубено и довербата во судството, ова денеска при потпишувањето за поддршка на кандидатот Гордана Силјановска Давкова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски.

-Апелирам до СДСМ редно е да го исполни барем едно од ветувањата во нивната програма за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година, а тоа е јавен обвинител на предлог на опозицијата. Ја користам оваа прилика да го повикам Зоран Заев и владата да се охрабрат и осмелат дека тоа што го говорат дека немаат замешаност во одлуките на обвинителството и судовите да го потврдат со предлог на јавен обвинител од страна на опозицијата, вели Мицкоски.

КУРИР изјавата на Мицкоски ја пренесуваше во живо и целата можете да ја погледнете во продолжение.

Најнови вести