вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски до Заев: Имаме егзибиционистички процес за името, тоа не се прави со капитулација

Мицкоски до Заев: Имаме егзибиционистички процес за името, тоа не се прави со капитулација

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на премиерот Зоран Заев му порача дека процесот за пронаѓање на решение со името со Република Грција е егзибиционистички.

-Ние имаме егзибиционистички процес. Не оди на арно работава. Ќе го потсетам Заев дека кажа оти не треба решението да се бара во промена на Уставот. ВМРО-ДПМНЕ не може да поддржи промена на Устав и уставно име. Заев јавно говореше дека нема да бара решение во промена на Уставот. Не Заев сте го спасиле достоинството. Народот за една држава е најголем капитал, а вие го потценивте народот. На тој народ му требаат чесни политичари. Вие мислевте, но немавте решение и го урнисавте тоа што 25 години се градеше.

Вели дека Заев преговорите за името ги започнал егзибиционистички и така ги завршува. Мицкоски констатираше дека со прифаќање на ерга омнес решение, односно име за севкупна употреба, Заев ги кренал очекувањата кај грчката страна со што се загрозиле преговарачките позиции на Македонија, а во иднина очекувањата на грчката страна само ќе растат.

На овој начин, вели, се отежнува преговарачкиот процес на било која иднина влада која преговара за решение на проблемот со името.

-Граѓаните очекуваат решение на нивните реални проблеми, очекуваат да ги реализирате политиките и ветувањата на парламентарните избори во 2016. и на локалните во 2017. година. Тоа не се прави со капитулација, распродажба, туку со засукување ракави и работа. Ви стоиме на располагање да ви помогнеме во справување со реалните проблеми кои ги имаат граѓаните, а тие се капиталот на Македонија, рече Мицкоски.

Вели дека предлогот на македонската страна Грција веднаш го одби.

– Tреба да видиме каква е реалноста. Имавме предлог кој Грците веднаш го одбија. Бара министерот за надворешни работи мудрст и трпение, но нема да биде така како што замислува. Ако ги загрозите еднаш преговарачките позиции, спротивната страна тоа цело време ќе го очекуваа. Сега е доцна, предлогот е одбиен, како што кажа и Коѕијас, решенија ќе се бараат од предлозите на Нимиц, истакна Мицкоски.

Најнови вести