Европска потврда дека не сме сите исти. Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) додели Европска ознака за извонредност на девет општини од Македонија, седум од девет општини се управувани од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Честитки за Тимчо (Аеродром), Тони (Битола), Миле (Виница), Горан (Неготино), Стевче (Новаци), Ацо (Радовиш) и Иван (Штип), покажувате дека и во исклучително тешки услови за работа кога се работи чесно и посветено резултатите се неизбежни. Европско управување во Македонија е можно, има надеж, потребна е промена за Македонија да почне да победува„ – напиша тој на својот Фејсбук профил.