среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Функционерите во власта се корумпирани и не си ја вршат работата за која се платени, затоа ни се случуваат несреќи како таа во Бугарија, Тетово и Ласкарци

Мицкоски: Функционерите во власта се корумпирани и не си ја вршат работата за која се платени, затоа ни се случуваат несреќи како таа во Бугарија, Тетово и Ласкарци

Во посетата на Свети Николе и тековните проекти на Општината, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на новинарско прашање во врска со трагичната несреќа која се случи во Бугарија, истакна дека раководните лица од власта се корумпирани и не си ја вршат работата за која се платени, затоа ни се случуваат несреќи како таа во Бугарија, претходно несреќата во Тетово, како и несреќата со автобусот во Ласкарци.

-Ова е уште една катастрофална постапка на македонските власти, јас сум вчудоневиден од тоа како овој автобус, дури 135 пати ја поминувал границата без да биде запрен, овој за којшто велат дека бил роднина на лидер од владеачка партија, а е директор на овој транспортен инспекторат го нема да излезе во јавноста и да објасни како ова возило и 135 пати ја напуштало границата и како се дозволило ова возило да ги помине сите ако воопшто постојат технички прегледи и да објасни на јавноста што се случува. А, во суштина се случува голема корупција која претставува едно сериозно ткиво коешто шестоко ги има зафатено институциите и системот, критикуваше Мицкоски.

Мицкоски исто така истакна дека не би било чудно по толку корупција да се продолжи сето ова додека е ова владеачка коалиција на власт, а вели дека од тие причини се потребни брзи парламентарни избори бидејќи оваа влада е некредибилна затоа што народот на локалните избори одлучи, а ВМРО-ДПМНЕ издвојува сериозна победа.

-Се додека оваа некредибилна влада на СДСМ и ДУИ продолжи ќе продолжат поразите, за жал тие порази продолжуваат да не чинат десетици загубени човечки животи, а тоа е поради тоа што раководните лица не ја вршат работата за која се платени, затоа ни се случуваат вакви несреќи кои овој пат однесоа 45 човечки животи, а пред некој месец во модуларната болница, пред некоја година во Ласкарци со „Дурмо турс“, посочи Мицкоски од Свети Николе.

Најнови вести