сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Гледате дека нема славје по улиците во Македонија, но во Грција нема протести зашто се задоволни од договорот

Мицкоски: Гледате дека нема славје по улиците во Македонија, но во Грција нема протести зашто се задоволни од договорот

Ако Договорот беше добар за Република Македонија, а беше лош за нашиот сосед, Република Грција, сите закани кои што ги имаа оние здруженија кои што организираа протести во Грција до ден денес ќе траеја, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Јади Бурек“ на ТВ Сонце.

Вели дека во тој случај протестите би биле насилни.

-Сега се стишија. Гледате некој во Грција да протестира против Договорот? Тоа е така зашто луѓето се задоволни, зашто луѓето ги заштитија нивните национални интереси. Кај нас е проблемот, рече Мицкоски.

Вели дека на Самитот на НАТО се случи истото што се случи и во 2008. Година

-Погледнете го заклучкото од 2008. и сега. Велат „решето го спорот со Грција, сменете го Уставот, сменете го името“, посочи Мицкоски, потенцирајќи дека Македонија се уште нема добиено покана за влез во НАТО, туку оти ќе добие кога Договорот со Грција ќе влезе во сила.

Најнови вести