недела, 14. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски го детронизираше Заев со над 100.000 гласа разлика

Мицкоски го детронизираше Заев со над 100.000 гласа разлика

Локалните избори во Македонија ја делегитимираа централната власт и со тоа истата доби црвен картон од народот.

Па така, се чини дека опозоцијата со право инсистира на предвремени парламентарни избори со кои актуелната централна власт ќе оди во историја и тоа како една од најнеуспешните влади во историјата на Македонија.

Меѓутоа, иако ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски на овие избори победи со над 100 илјади гласа разлика, народот се уште ја чека најавената оставка на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, која откако ја најави, никако да ја достави.

Според резултатите од овие избори, јасно е дека Христијан Мицкоски го детронизираше Заев со над 100.000 гласа разлика и со ваков резултат неопходни се предвремени парламентарни избори.

ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку дена по ред бара брзи предвремени парламентарни избори, а од власта стојат на ставот дека на државата не и се потребни нови парламентарни избори под изговор дека народот бил уморен од истите.

Преку Фејсбук статус и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски повика на избори истакнувајќи дека опозиција победи со над 100 илјади гласа разлика наспроти власта.

-Потребни се брзи избори. Победивме во 42 општини, плус градот Скопје. Разликата на советничките листи во првиот круг од изборите споредено со СДСМ е повеќе од 55 илјади гласови. Ако се земат првиот и вториот круг во предвид разликите со кои ВМРО-ДПМНЕ победи тогаш доаѓаме до 110 илјади гласови разлика. Власта е делегимитирана и доби црвен картон од народот, затоа се потребни избори веднаш, пишува во својата објава Мисајловски.

Најнови вести