После убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Република Македонија, Христијан Мицкоски го испрати во политичка пензија претседателот и премиер во оставка Зоран Заев.
СДСМ ги живее можби најтешките денови од нејзиното постоење, откако на локалните избори доживеа катастрофален пораз од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, губејќи ги речиси сите општини во земјата, плус и градот Скопје.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по локалните избори излезе убедлив победник кој ги порази погубните политики на Заев и СДСМ и го испрати во политичка пензија.
Со победата на овие избори претседателот на опозицијата докажа дека веќе поткупот на власта не помага во изборите, туку единствено победува гласот на граѓаните.
Според бројките ВМРО-ДПМНЕ е убедлив победник и со освоени градоначалнички места, но и со освоени советнички места низ целата територија на Македонија.
После првиот круг од локалните избори на 17-ти октомври, кога речиси СДСМ доживеа тежок пораз, освојувајќи само девет општини, лидерот на СДСМ Зоран Заев најави и стави се на една карта, односно дека доколку во вториот не ги освои поголениот број на големи градови и градот Скопје ќе си поднесе оставка од премиерката функција, а исто така и од лидерската позиција во партијата, и тоа го направи вечерта на 31-ви октомври после убедливиот пораз во вториот круг, каде што неговата партија освои само седум градоначалнички места во помалите средини, а губејќи ги големите градови, како Битола, Охрид, Гевгелија, Радовиш и други.
Иако помина речиси пет дена откако Заев ја најави оставката од двете функции, сепак истата до денеска не е доставена ниту до Собранието ниту во партијата, што претставува еден вид на игри зад завесата, нешто што и претходно се случуваше кога се избираа и кандидатите за градоначалници од СДСМ, каде извисија голем број на успешни градоначалници од редовите на истата партија, кои беа принудени да настапат самостојно како независни кандидати на овие локални избори, што беше и е доказ дека партијата се распаѓа по сите шевови, притоа предизвикувајќи раскол во истата.
Доказ за самото тоа е и одолговлекувањето на самата оставка, петициите на некои функционери за негово останување на чело на СДСМ, како и настапите по телевизиски емисии и дебати на негови блиски и лојални луѓе кои што од петни жили се обдидуваат да застанат во негова одбрана после дебаклот на локалните избори, притоа презентирајќи некакви си бројки на кои што наводно владејачката коалиција била победник на овие избори, а во реалноста сликата е сосема поинаква, СДСМ на овие избори доживеа тежок пораз освојувајќи само 16 помали општини и многу помал број на гласиви на советничките листи, со што ВМРО-ДПМНЕ го прави апсолутен победник.
На сите им е јасно дека ова е правец од кој нема враќање назад. На СДСМ и се потребни внатрешни реформи, а одолговлекувањето на оставката на Зоран Заев после катастрофалниот пораз кој што го доживеа неговата поартија на овие локални избори може да предизвика дополнителен раскол и делби во партијата.