При денешната посета на општина Јегуновце, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на повикот за дуел со Ковачевски истакна дека владата и Ковачевски повторно молчат и повика уште еднаш на дебата на било кој медиум и било кое време во интерес на вистината и интерес на граѓаните.
„Повторно молк, немаме одговор од Ковачевски, ниту од владата за мојата понуда пред граѓаните јавно да зборуваме бидејќи во овој случај не е важен ниту Димитар Ковачевски, ниту пак сум јас важен, ниту пак било кој од нас е над интересот на граѓаните и државата, и затоа понудив да излеземе јавно транспарентно да избере време, да избере медиум, јас таму ќе го чекам, го повикувам и сега еве овде од Јегуновце да не дезертира бидејќи тоа му е вообичаена пракса изгледа во неговиот живот да дезертира, еве да не дезертира во овој пат да излеземе и се соочиме пред граѓаните па граѓаните нека одлучат кој ја говори вистината а кој не“, нагласи Мицкоски.