Ако било каква сомнеж сум имал јас, тој немало да биде кандидат. Ние не газевме низ врела жар овие четири години за да некој таков нѐ посрамоти. Тоа најстрого ќе биде санкционирано иако јас сум убеден дека кај тие луѓе нема такво нешто. На крајот од денот, јас ќе бидам тој кој што ќе биде лажливец, бидејќи зборувам пред вас, зборувам четири години за да покажеме дека не сме сите исти и дека сме различни, затоа ви велам дека тезата ,,лепи раката”немаше кај нас бидејќи таков не гледам и не дај Боже некој таков да ми се шмугне, еве отворено зборам – не дај Боже, доста е од братучеди, доста е од браќа. Во оваа држава има народ, има граѓани кои сакаат да живеат подобро, поквалитетно и ние кога сме се определиле за оваа работа сме се одлучиле да бидеме слуги на народот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата „Јади бурек”.
Мицкоски додаде дека неговите посети се да самиот помогне со своето искуство и знаење и самиот се надева дека не е на одмет бидејќи дале ветување, за време на кампања, во изминативе четири години итн, ветувања дека ќе биде подобро. Исто така, кажа дека мора да се констатира каква е состојбата бидејќи сите тие градоначалници во ноември месец ги преземале општините, виделе од прилика што се случувало, што наследуваат итн.
-Се подготвуваме сега натаму од пролет да почне една голема градежна офанзива затоа што народот мора да види дека не сме сите исти, дека сме поинакви и дека сме различни. Тоа е суштината, да направиме добар план, затоа и ангажирав повеќе луѓе во кабинетот, во Извршниот комитет, навистина сум презадоволен од таквата хармонична состојба која владее што сум презадоволен – и кај градоначалниците, мотивирани се, со сите нив поединечно се видов и разговарав, точно знаеме кои проекти ќе ги реализираат, кога ќе ги реализираат, кои се во фаза на реализација, сите се исклучително мотивирани. Имам голема верба во нив, од првиот до последниот, од најмалата општина, до најголемата, рече Мицкоски.