среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Граѓаните се уморни од политичарите кои од голтари станаа милионери, додека народот е се посиромашен

Мицкоски: Граѓаните се уморни од политичарите кои од голтари станаа милионери, додека народот е се посиромашен

Во вечерашно гостување на ТВ21 во емисијата „Клик плус“  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакана дека народот е уморен од политичари кои од голтари кога влегле во политика, станале милионери, додека народот е се посиромашен.

„Некои се денарски милјардери, но секако и милионери во валута офицајлна на Европската Унија. Погледнете ги имотните листови, не треба да бидете многу аналитичен и да видите, започнете од оној просечен бизнисмен политичар што беше, па завршете со денешните политичари на власт, погледнете ги нивните имотни листови. Еве, ние како политичка партија за дел од официјалните лица, денеска извадивме. За сите политичари, па нека се и наши членови, и наши функционери, ако има ако влегле голтари во политиката и излегле милионери мислите дека ќе ги штедиме? Не, и тие треба да бидат на судот на јавноста, затоа што народот е уморен, народот е уморен повторно ќе кажам од луѓе кои што влегле во политика голтари а излегле од политика милионери“, нагласи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски додаде и дека додека некои од политичарите од голтари станале милионери, народот е се посиромашен.

„Јас тоа не го кажав за да бидам интересен или да бидам политичар кој што кажал нешто па сега ќе предизвика некаде  хумор некаде критика, туку, тоа го мислам и врз основа на тоа што сум го анализирал. Погледнете ги возните паркови, погледнете како живеат и каде живеат луѓето, а народот е се посиромашен од друга страна“, заклучи Мицкоски.

Најнови вести