недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Граѓаните треба да живеат со последиците од Договорот, Заев ги прифати сите грчки позиции

Мицкоски: Граѓаните треба да живеат со последиците од Договорот, Заев ги прифати сите грчки позиции

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вчерашното гостување на емисијата „На патот кон“ на телевизијата Алсат-М истакна дека неговата партија стои на ставот оти за идентитетските прашања не се преговара.

– Со самото тоа што тие во овие преговори кажуваат дека успеале да постигнат нешто, а лажат, самото тоа вели дека они преговараат за нешто за што не треба да се преговара, ниту пак некој им дала право да преговараат. Кој му дава право на Заев или на Димитров да преговара за нешто што е веќе стекнато право?, праша Мицкоски.

Вели тој е Македонец, и оти така се идентификува, а со Договорот со Грција за промена на името, нему му го негираат правото да се самоопределува.

-Јас сум Македонец, се идентификувам како Македонец и по моите корени и по она што ќе го оставам позади себе и никој нема право тоа да го порекне, а со овој договор мене ми го негираат правото да се самоопределам како Македонец и да живеам во македонска држава, истакна Мицкоски.

Потенцира дека за ВМРО-ДПМНЕ Договорот со Грција е капитулантски и срамен.

-Тоа е прифаќање на сите грчки позиции, 100 проценти. Решението требаше да се бара во рамки на некои наши позиции, но ние капитулиравме и прифативме ултиматум. Можеби не можеше да биде 50-50, нека беше асимитреичен во наша загуба, но никако не смееше да биде 100-0. Имавме капитулантско водење преговори кои очекувано донесоа апсолутна катастрофа, рече Мицкоски.

Рече дека досега никој од Владата не ги демантираше изјавите на премиерот и министерот за надворешни работи на Грција дека не постои македонска нација.

-Сега веќе не сме Македонци, туку сме граѓани на Република Северна Македонија и тоа недвосмислено го кажува премиерот на соседната држава, Ципрас, претходно министерот Коѕијас, а јас од наша страна на нивните изјави не слушнав ниту еден демант. Дека тоа што тие го говорат не е точно. Напротив, слушам молк, а молчењето многу пати во минатото подразбирало и одобрување, рече Мицкоски.

Вели дека не е точен аргументот на Владата на Република Македонија и премиерот Зоран Заев дека се сочувани националниот идентитет на Македонците и јазикот.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека сите граѓани на Република Македонија треба да живеат со последиците од Договорот.

Мицкоски направи споредба меѓу Договорот со Грција и договорите кои Соединетите Американски Држави ги потпиша со Камбоџа и Северна Кореја, велејќи дека граѓаните на овие две држави ги поддржуваат договорите, но во Македонија не е така.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека ставот на партијата е оти за идентитетските прашања не се преговара.

– Резолуцијата од Обединетите нации точно се однесува на разликите што нашиот јужен сосед ги има со нашето уставно име, со името Република Македонија, појасни Мицкоски.

Најнови вести