И од меѓународната заедница и од народот е прочитан. Затоа што сите знаат дека Заев е дел од проблемот, а не дел од решението, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Валандово.
Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има најдобар однос со соседите, и ќе ги почитува, но ќе бара и тие да не почитуваат нас, порачувајќи дека бара реципроцитет доколку Бугарија сака бугарското малцинство да биде дел од македонскиот Устав, тогаш тој бара и македонското малцинство да биде дел од бугарскиот Устав.
– Јас и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаме најдобри односи со соседите, затоа што ќе ги почитуваме , но нема да ги лажеме дека се ќе им потпишеме и нема да се срамам да барам да не почитуваат и тие нас. Затоа барам и реципроцитет, за се што бараат од нас. Барам реципроцитет за се што бараат тие од нас. Сакаат да биде бугарското малцинство дел од македонскиот Устав, тогаш ќе биде и македонското малцинство дел од бугарскиот Устав, кажа Мицкоски.