вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ пристигнаа пред Владата (ФОТО+ВИДЕО)

Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ пристигнаа пред Владата (ФОТО+ВИДЕО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со раководството на ВМРО-ДПМНЕ, пристигна пред Владата, на големиот протест на опозициската партија, поради како што велат од таму големите неуспеси на Владата на Република Македонија.

Голем број граѓани веќе се собраа пред Владата иако протестот се уште не е почнат. Граѓани од сите страни на Македонија пристигнуваат во главниот град да го изразат своето незадоволство од работата на Владата предводена од премиерот Зоран Заев.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски, во гостувањето на вестите на телевизија Алфа кажа дека очекува голем број граѓани да дојдат на протестот, не само од Скопје, туку и од многу други градови и места од Република Македонија.

Претседателот Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, од штабот на ВМРО-ДПМНЕ заедно се упатија кон Владата на Република Македонија.

Најнови вести