понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Има многу жртви на рекет кои се дел од криминалниот октопод на Заев

Мицкоски: Има многу жртви на рекет кои се дел од криминалниот октопод на Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за ТВ Сител истакна дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е принципиелен и  јасен и постои основано сомневање, кое што го потврди и јавниот обвинител кој што го работи тој случај, кој што кажа дека гласот на Катица Јанева се слуша во доказниот материјал и немаме никава дилема дека треба да се истражи случајот.

-Врз основа на разговори водени на луѓе кои што се опфатени со овој процес кои што јас сум ги водел лично,кои што ги воделе моите соработници, ние јасно се соочивме со жртвите на овој случај наречен рекет, кои што пред нас сведочеа и положуваа докази. На дел од тие, доказите ги насочивме таму каде што им е местото да ги презентираат, а тоа е во јавното обвинителство, а дел кои што немаат материјални докази се плашат да излезат јавно да сведочат за рекетирање од врхушката на власт, вели Мицкоски.

Тој објасни дека прашање на време е кога дел од тие жртви ќе се охрабрат, затоа што гледаме дека секој ден се охрабрува некој нов, кој што е жртва на овој процес рекет и кажува како и на кој начин се вршело рекетирањето. Тој истака исто така дека нема да помине многу време и за други жртви на рекет, но во други случаи, кои ќе посведочат и пред камера и во обвинителството и ќе приложат докази.

-Очекувам дека овој случај ќе се расветли, и не само овој случај, но и останатите случаи кои што беа во минатото или кои што ќе следат во иднина ќе бидат расветлени, вели Мицкоски.

Најнови вести